Македонските кикбоксери со шест медали од ринг дисциплините на Светскиот куп во Италија (ФОТО)

Македонските кикбоксери запишаа убав успех во ринг-борбите на Светскиот куп во Италија, завршувајќи ги со шест освоени медали, три златни, една сребрена и две бронзени.

Златни медали освоија Силвио Мировски, Петре Велков и Калин Бабоски. Со сребро се закити Андреј Смилевски, додека бронзени одликувања освоија Мирко Василев и Давид Атанасовски.

„Задоволен сум но не потполно бидејки уште треба да работиме на стабилност за време на борбите на нашите борци, кои стекнуваат искуство и да ги учат да ги забележуваат аномалиите и слабостите на противниците како и во целост да изработат она што го тренирале“ – ни изјави од Италија, претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко.

Денеска почнуваат квалификациите во татами дисциплините кои ќе траат до недела, за кога се закажани финалните натпревари.

 

Се вчитува...