Македонските кикбоксери се враќаат со три освоени медали од ВАКО Светскиот кикбокс куп „Италија 2025” кој се одржа од 3 до 9 март во Лидо Ди Јесоло, Италија.
Во дисциплината Лоу Кик, Марија Димовска во категоријата до 60 килограми освои златен медал, Данило Методиевски се закити со сребрен медал а Андреа Ѓеорѓиевска освои бронзен медал.
Давид Атанасовски, пак, во Кик Лоу дојде до 5. место, а Максим Митровски во Лоу Кик го освои 9. место.
„Сите пет натпреварувачи покажаа извонредни борби, но сепак на вакви огромни спортски купови понекогаш е важна среќата, иако некогаш одлучувачка е и судиската одлука која неретко е погрешна и пристрасна. Сепак, ова е огромно спортско искуство за нашите натпреварувачи и во нашата меморија овој куп ќе го паметиме како позитивно и успешно искуство. Немаме повреди, имаме медали, а тренерите Атанасовски, Димовски и Крстевски заедно со мене сме поискусни за уште еден светски куп со преку 2500 натпреварувачи од целиот свет. Годинава имаме уште многу купови и првенства за докажување и берба на медали, па затоа продолжувуме и понатаму со силни тренинзи” – изјави Дејан Митровски – Урко, претседател на КМФМ, по завршувањето на Светскиот куп во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА







