Македонските клубови Акватика Јахтинг и Снегар дел од обуката „Клиника за едрење“ во Солун (ФОТО)

Едриличарските клубови „Акватика јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга се дел од обуката „Клиника за едрење“ за олимписка класа на едрилици 470, која се одржува во Солун, од 8. до 15. мај, а на која, покрај домаќинот Грција, партиципираат и клубови од Србија, Турција и Литванија.

Од Едриличарската федерација на Македонија велат дека во екипите има по двајца едриличар(к)и, а искуството кое ќе го стекнат младите едриличари, но и тренерот кој е со нив е од огромно значење за подинување на едрењето на едно повиско ниво.

„Целта на оваа обука е унапредување на едрењето во земји каде што се уште едрењето не е развиено на европски и светски нивоа. Оваа обука е многу корисна за младите едриличари, бидејќи тренираат со професионални олимписки тренери. Присутен има таму и наш тренер кој исто така работи со тренерите во својот дел. Ова е една огромна можност, огромно искуство и младите спортисти и тренерот да работат со тренери од олимписка категорија, кои имаат искуство зад себе со учество на нивни натпреварувачи на олимпијади. За едрењето во Македонија ова е уште еден чекор напред“ – велат од Едриличарската федерација.

Се надеваме, додаваат од Федерацијата, во иднина дека некој од овие млади кои се дел од обуката ќе покаже доволно голем талент и ќе учествува на некоја олимпијада.

„Многу сме среќни што ја имаме оваа можност и шанса да присуствуваме на Клиниката 470. Добиваме знаење и искуство од класата 470 и најдобрите светски тренери“ – вели тренерот Петар Паунче.

„Оваа Клиника ќе ми помогне многу во мојата идна едриличарска кариера. Научив многу овие изминати денови и знаењето ќе го користам во иднина“, вели Огненова.

Од Едриличарската федерација на Македонија потенцираат дека и оваа обука, како и низа настани кои се планираат во идина ќе бидат насочени кон издигнување на едрењето на едно повисоко ниво, додавајќи дека од оваа година Македонија е рамноправна членка во сите релевантни тела за едрењето за олимписките класи.

Се вчитува...