Македонските клубови денеска ги добиваат противниците во европските натпреварувања

Фудбалските клубови кои ќе ја претставуваат Македонија во европските натпреварувања сезонава, денеска ќе ги добијат своите противници.

Шампионот Струга Трим и Лум е во улога на неносител во Група 1 и за противник ќе добие една од следниве екипи: Ференцварош (Унгарија), Лудогорец (Бугарија), Жалгирис (Литванија), Шемрок (Реп. Ирска) и ТНС (Велс).

Во Конференциската лига, екипите на Шкендија и Шкупи ќе бидат во улога на носители во своите групи од ждрепката, додека Македонија Ѓорче Петров е во екипите кои не се носители.

Шкендија за противник ќе добие еден од: Жилина (Словачка), Хака (Финска), Дери сити (Реп. Ирска), Викингур (Исланд) или Хаверфордвест (Велс).

Шкупи за ривал ќе добие една од следните екипи: Паиде (Естонија), Сент Патрик (Реп. Ирска), Дукаџини (Косово), Гленторан (Северна Ирска), Хегелман (Литванија) или Пенибонт (Велс).

Македонија Ѓорче Петров за ривал ќе добие една од следните екипи: Дунајска стреда (Словачка), Пјуник (Ерменија), РФС (Летонија), Тобол (Казахстан) или Милсами (Молдавија).

Се вчитува...