Македонските клубови кои имаат репрезентативци ќе добијат дополнителни средства од УЕФА

Меѓу одлуките околу крајот на сезоната во националните шампионите, Извршниот одбор на УЕФА денеска на својот видеоконференциски состанок донесе одлука да подели и дополнителни 70 милиони евра за фудбалските клубови кои имаат фудбалери кои настапиле за репрезентациите во квалификациите за ЕП.

Од македонските клубови репрезентативци во своите редови кои настапуваа минатата година за националниот тим имаат Шкендија, Вардар, Работнички…

Освен тоа, дополнителни 200 милиони евра. ќе бидат доделени и по Европското првенство кое ќе се одржи во 2021 година.

Инаку, како што е познато, донесена е одлука сите првенства да завршат до 3. август за да потоа се организира завршницата од европските натпреварувања. Доколку првенствата не можат да завршат до тој рок тогаш тимовите ќе играат во Европа согласно актуелниот распоред на табелите.

Се вчитува...