Коби Брајант остави силна трага во светот на кошарката, а голем дел од македонските кошаркари за идол го имаат токму големиот ас на ЛА Лејкерс кој денеска го загуби животот во хеликоптерска несреќа.
„Во шок сум, ова не се случува“, напиша Ненад Димитријевиќ на инстаграм.
„Почивај во мир“, објави на својот инстаграм-профил Стојан Ѓуроски, македонскиот репрезентативец кој настапува во Франција.
„Ова не може да е сериозно“, напиша Кристијан Николов, објавувајќи заедничка фотографија со Коби Брајант.
„Хероите доаѓаат и си одат, легендите живеат засекогаш“, гласи пораката на Ненад Зивчевиќ крај фотографијата од Брајант.
Истата порака, но со поинаква фотографија од кошаркарската легенда ја објави и Бојан Трајковски.
„Почивај во мир“, гласеше кратката порака на Предраг Самарџиски…
„Добар татко, вистински шампион, идол и инспирација“, порача поранешниот плејмејкер на бројни македонски прволигаши, Ефтим Богоев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА