Македонската одбојкарска репрезентација славеше на домашен терен против Романија со 3-1, во претпоследниот натпревар во групата Б во сребрената Европска Лига.
Со тоа Македонија дојде до седум бода и остана три бода зад Албанија на третото место, додека Романија е прва со 11 бодови.
Македонија одлично го почна мечот и го доби првито сет со 25-11. Вториот го загуби со 22-25, за третиот да го добие со убедливи 25-19. И покрај тоа што имаа негатива во поголемиот дел од четвртиот сет, сепак, „спартанците“ направија пресврт и на крајот славеа со 25-22, и така со 3-1 дојдоа до победата.
Македонија во последното коло оди на гости кај БИХ, додека Романија ја пречекува Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА