Македонската пингпонгарска репрезентација учествуваше на Светското првенство во поединечна конкуренција кое од 21 до 28 април се одржа во Будимпешта, Унгарија. Боите на репрезентативниот тим на Македонија ги бранеа Кристијан Станојковски и Петар Костовски во машка конкуренција и Ива Димитриевска и Ана Стојановска во женска конкуренција. Нашите претставници ги загубија сите натпревари и рано го завршија своето учество што е јасен показател дека заостануваме зад балканските држави, а светското ниво е многу далечно.
Македонската пингпонгарска федерација, сепак, на дипломатски план забележа успех. На 23. април на годишното собрание на Медитеранската Пинг понг унија, нашата држава и асоцијација едногласно е примена како полноправна членка. Со тоа се отвора можност на нашите репрезентации секоја година да учествуваат на силни шампионати со квалитетни репрезентации како Италија, Шпанија, Франција, Грција, Турција.
Генерално, на Светското првенство очекувано е потврдена доминацијата на Кина. Следното Светско првенство во поединечна конкуренција ќе се одржи во 2021 година во Хјустон, САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА