Македонските одбојкарки го запишаа и четвртиот пораз во 4. коло од Европската сребрена лига, овој пат на гостувањето против лидерот Естонија во Тарту.
Младите македонски девојки со ново искуство од ова гостување, по враќањето на европската сцена, не успеаја да парираат на моќните Естонки кои славеа со 3-0, по сетови 25-22, 25-20 и 25-16.
Успешно парираа во првите два сета, но сепак не доволно за да се освои барем првиот сет во ова натпреварување.
Македонија останува на последната позиција, а Естонија се зацврсти на врвот од табелата во нашата група со четири победи од исто толку натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА