Македонските одбојкарки подготвени за мечот против Австрија на стартот од Европската сребрена лига

Македонската женска одбојка се враќа на европската сцена со шест натпревари во Европската сребрена лига.

Селекторот Стефан Пауновиќ го одработи планираното, а фактот што Македонија ќе биде домаќин на првите три средби е олеснителна околност пред трите гостувања едноподруго.

„Не само резултатот, туку и впечатокот што ќе го остават македонските девојки, ќе бидат првите показатели за тоа колку време ќе ни треба за да помислиме на поставување повисоки цели“ – порачуваат од Одбојкарската федерација на Македонија.

Првиот натпревар македонските девојки го играат на 27. мај во Скопје против Австрија, а потоа следат дуелите со Летонија и со Естонија.

ЕВРОПСКА СРЕБРЕНА ЛИГА – ГРУПА А
МАКЕДОНИЈА – Австрија (27-ми мај)
МАКЕДОНИЈА – Летонија (31-ви мај)
МАКЕДОНИЈА – Естонија (3-ти јуни)
Естонија – МАКЕДОНИЈА (10-ти јуни)
Летонија – МАКЕДОНИЈА (14-ти јуни)
Австрија – МАКЕДОНИЈА (17-ти јуни)

Се вчитува...