Македонските одбојкарски прваци ги добија противниците во Лигата на шампионите

Шампионите на Македонија во машка и женска конкуренција денеска ги добија противниците за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Шампионот на Македонија во машка конкуренција, Струмица во првото коло за противник ќе го има Динамо Букурешт од Романија. Првиот меч треба да се одигра во Струмица од 21. до 23. октомври, додека реваншот е закажан за една недела подоцна во Букурешт.

Кај дамите, Јанта Волеј, за противник го добија освојувачот на тројната круна во Босна и Херцеговина, екипата на ЖОК Гацко. Нашиот тим ќе биде домаќин во Скопје во периодот од 21. до 23. октомври, додека реваншот ќе биде седум дена подоцна во БиХ.

Се вчитува...