Македонската олимписка експедиција е подготвена за свеченото отворање на Летните олимписки игри во Париз.
Македонија на ЛОИ 2024 ќе биде претставувана од шест олимпијци, по откажувањето поради здравствени проблеми на пливачката Ева Петровска, а ќе има плус уште четворица судии на олимписките терени.
Наши знаменосци на отворањето ќе бидат атлетичарот Дарио Ивановски и таеквондистката Милјана Рељиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА