Македонските спортисти од денеска се во олимпиското село во Париз каде ќе ги реализираат финалните подготовки за своите настапи на Летните Олимписки игри 2024.
Македонија на ЛОИ 2024 ќе биде претставувана од шест олимпијци, по откажувањето поради здравствени проблеми на пливачката Ева Петровска, а ќе има плус уште четворица судии на олимписките терени.
Наши знаменосци на отворањето на Игрите кое е закажано за петок, 26. јули, ќе бидат атлетичарот Дарио Ивановски и таеквондистката Милјана Рељиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА