Македонските пингпонгари го завршија настапот на Европското првенство во Минхен (ФОТО)

Македонските пинг-понг репрезентативци го завршија настапот на Европското првенство во поединечна конкуренција и во конкуренција на двојки и микс двојки што се одржува во Минхен, Германија.

Репрезентацијата на Македонија ја сочинуваа Филип Младеновски од екипата ППК „Шампион Фа“ од Штип кој настапи во конкуренција машки поединечно, машки двојки и микс двојки и Амелија Николов од екипата ППК Шампион Фа од Штип која настапи во конкуренција женски поединечно, женски двојки и микс двојки.

Македонските натпреварувачи, за жал, не успеаја да се пласираат на главната ждрепка на првенството.

Се вчитува...