Македонските претставници во Европа добија лиценци за сезоната 2021/22

Одделнието за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање на ФФМ по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 во кој се пријавија сите 12 клубови од Прва МФЛ, по преглед на доставената документација, издаде лиценци за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 на сите македонски претставници во Европа.

Лиценца за настап во Лигата на шампионите доби Шкендија, а лиценца за учество во новата Конференциска лига добија Шкупи, Струга Трим Лум и Силекс.

Исто така, согласно документацијата, лиценци добија и останатите македонски прволигаши со исклучок на Вардар, Беласица и Пелистер.

Борец претходно се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2021/22.

Се вчитува...