Женската ракометна репрезентација на Македонија го почна новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2018 во Франција, со пораз на гостувањето во Лунд од репрезентацијата на Шведска со 38-26 . Македонските ракометарки беа инфериорни во дуелот со фаворизираните Швеѓанки и во претходниот циклус кога на гостувањето во Шведска тогаш загубија со 46-27, а во однос на силите, ситуацијата не се смени многу ни во оваа нова пресметка со уште еден двоцифрен пораз.
Избраничките на селекторот Симе Симовски го отворија натпреварот со два гола во серија. Но, и на тоа останаа до крајот. За само неколку минути, Швеѓанките направија серија од 7-0, целосно ја имаа контролаат на играта и уште по првата четвртина остварија недостижна предност и практично ја обезбедија победата. На неколку пати во првиот дел, домашната репрезентација стигна до највисоки +7, прв пат поведувајќи со 11-4, а потоа и со 14-7. До крајот на првиот дел, македонските ракометарки заиграа малку поефикасно во нападот и успеаја да ја намалат негативата на 18-15.
Супериорноста на шведската репрезентација продолжи и во второто полувреме. Швеѓанките брзо се вратија на највисоката предност, а потоа зголемија и на +8 поведувајќи со 25-18. На пет минути пред крај, домашниоте ракометарки стигнаа и до двоцифрена преднсот (34-24). Финишот од натпреварот беше само рутина за надмоќната домашна репрезентација која очекувано ги прокнижи првите бодови во овие квалификации и ја потврди улогата на фаворит во групата.
Во вториот натпревар од овој квалификациски циклус, Македонија на 1 октомври во СРЦ Кале ја пречекува репрезентацијата на Србија. Србинките во денешниот прв натпревар славеа убедлива победа против фарски Острови со 36-20.
Пласман на ЕП 2018 во Франција обебзедуваат првите две селекции во групата и најдобрата третопласирана репрезентација во квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА