Македонската женска ракометна репрезентација загуби и на вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2026, овојпат на домашен терен од Словенија со 20-28.
Македонија одигра квалитетно прво полувреме водена и од одличната Петковска на голот, но мнгуте грешки во нападот во вториот дел ни донесоа на крај и убедлив пораз.
Првото полувреме мина во максимално израмнета игра, кое Словенките го добија само со 11-12. И вториот дел, избраничките на селекторот Грчевски го почнаа добро со израмнетост низ првите десет минути, се до моментот кога Словенија дојде до предност до 17-20. Па следеше нова серија на гостинките од 1-7 за 18-27, по што веќе беше сосема извесен победникот на мечот, на крај и за убедлив победа на Словенија од 20-28.
Петковска имаше 12 одбрани на македонскиот гол, четири гола постигна Арсениевска, а Ангела Јанкуловска заврши со три постигнати погодоци.
Следни два натпревари во квалификациите за Македонија се дуелите со Белгија во март следната година. Мора победи на двата натпревари, доколку сакаме останување во игра за пласман на Европското првенство 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

