Со една победа, две нерешени и два порази, македонската шаховска репрезентација е на 31. место од 40 селекции на Европското првенство кое се одржува на Крит, Грција.
Македонските шахистите во 5. коло ремизираа (2-2) со подоброрангираната Словачка, откако на сите четири табли ремизираа Филип Панчевски, Трајко Недев, Дејан Стојановски и Никола Николовски. Единствената победа досега на првенството ни е против Фарски острови со 3-1.
Најдобар македонски шахист по првите пет кола е Филип Панчевски на првата табла со досега освоени 4 поени од пет партии, на тој начин останувајќи во можност и да го сруши најдобриот резултат – поединечно на еден македонски шахист на ЕП.
Во денешното 6. коло на шампионатот, кој се игра во девет кола, Македонија (33-то рангирана) ќе игра против Исланд (27-мо рангиран според рејтинг).

Во женска конкуренција, пак, Македонија со 3 бода (една победа, нерешено и три порази) е на 28. место од 32 репрезентации. Девојките денеска, во 6. коло, ќе играат против репрезентацијата на Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

