Македонските спортисти заминуваат на Зимските младински олимписки игри во Гангвон

Во периодот од 19. јануари до 01. февруари 2024 година во Гангвон , Кореја ќе се одржат 4-тите Зимски младински олимписки игри на кои македонската делегација ќе учествува со два спорта (биатлон и крос кантри ) во следниот состав:

Биатлон

Давид Торевски

Матеа Трајковска

Крос кантри

Андријана Кајевска

Благоја Најденоски

Делегацијата ќе биде водена од шефот на мисија, Владимир Богоевски, а знаменосци на свеченото отварање ќе бидат спортистите Андријана Кајевска и Давид Торевски.

Се вчитува...