Дисциплинската комисија при ЕХФ донесе одлука во врска со жалбата на Шведска за полуфиналниот меч со Франција, и голот во 60. минута со кој Французите успеаја да израмнат, а потоа по продолженијата да го добијат натпреварот и да се пласираат во финалето на Европското првенство.
„После внимателниот преглед на ситуацијата, утврдиме дека не е обврска на судиите да се користи ВР технологијата. ВР се користи само кога судиите имаат основени сомненија за донесување правилна одлука или кога не можат правилно да ја согледаат ситуацијата. Тоа е одлука на судиите или на делегатот дали ќе се користи ВР. Одлуката да не се кроисти ВР потпаѓа под правните регулативи на ЕХФ како и на ЕХФ ЕУРО регулативите и ќе се смета за фактичка и затоа конечната одлука не е предмет на никаква жалба. Поради тоа жалбата се отрфла како неоснована“,стои во соопштението.
Правдата ја делеа македонските судии Начевски и Николов, кои во 60. минута досудија слободен удар за Франција од 12 метри, по кој беше реализиран гол, по кој натпреварот влезе во продолженија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА