Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов на најдобар можен начин ја претстави Македонија и на ова големо ракометно натпреварување. Тие ќе го судат денешниот прв полуфинален натпревар на ЕП во Хрватска меѓу Франција и Шпанија, со почеток во 18 часот. Можеби заслужија да бидат дел и од големото финале, но таа среќа овојпат ја имаат Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ. Со оглед дека првенството се игра во Хрватска, така е тоа во ракометот, домаќинот е секогаш привилегиран…
Вториот полуфинален натпревар меѓу селекциите на Данска и на Шведска ќе го судат Германците Маркус Хелбиг и Ларс Гејпел. Мечот за третото место им припадна на Романците Дин и Дину, а на натпрварот за петто место правдата ќе ја делат Шпанците Ралуху и Саброса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА