Македонските таеквондисти под полн ритам во Крушево, поддршка и од Шабан Трстена за олимпијците (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската таеквондо репрезентација под раководство на др. Борче Костовски деновиве ги реализира подготовките на националниот тим во Крушево каде се темпира формата за престојните гран-при турнири низ кои ќе се брка нормата за настап на Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Во извонреден ритам македонските таеквондисти минуваат низ тренажниот процес, денеска засилени и со златниот македонски олимписки шампион Шабан Трстена кој мина дел од подготовките со тимот, давајќи поддршка на Дејан Георгиевски и останатите членови на репрезентацијата.

„Секогаш со поддршка за најдобрите од македонскиот спорт, а таеквондо спортот покажа дека е новиот предводник на нашата спортска сцена. Во годината кога одбележувам 40 години од златниот медал на ЛОИ 1984 во Лос Анѓелес, и тоа како посакувам македонските таеквондисти да ја израдуваат Македонија со нови медали од Олимписките игри кои оваа година ќе се одржат во Париз“ – истакна Шабан Трстена за време на денешната посета на таеквондистите.

Таеквондо репрезентацијата веќе за 14 дена ја очекува настапот на гран-при турнирот во Турција, а потоа и настап на „Австрија Опен 2024“ во Инсбрук.

 

 

Се вчитува...