Македонските таеквондисти со сребро и бронза од силниот „Президент куп“ во Истанбул

Македонските таеквондисти со извонреден успех се враќаат од еден од најсилните турнири во светот 6. Президент куп 2021 во Истанбул, Турција.

Македонија турнирот го заврши со два освоени медали, сребрен на Филип Додевски и бронзен на Анамарија Георгиевска.

Филип Додевски (-87 кг) до среброто стигна со три победи против Ахмет Кескин и Таха Бицер од Турција (актуелен европски шампион до 21 година) и Рафаел Камалов од Русија. Во финалето загуби од Роберто Бота од Италија, кој е освојувач на бронзениот медал од последното Европско првенство.

Анамарија Георгиевска (-67 кг) со победите над Аисе Кирачаоглу од Турција и Андреа Мокаму од Романија го освои бронзениот медал. Во полуфиналето беше поразена од Атанасија Мицополу од Грција.

Се вчитува...