Македонската Дејвис – куп репрезентација отпатува за Пловдив, Бугарија, каде ќе настапува на натпреварите од Третата Европска група. Од оваа година, овие натпревари се играат на две локации (Црна Гора и Бугарија) каде вкупно учествуваат 16 репрезентации.
Во Бугарија ќе настапуваат следните репрезентации: Албанија, Андора, Бугарија, Кипар, Исланд, Монако, Сан Марино и Македонија.
Оваа година Македонија ќе ја претставуваат: Горазд Србљак (Тенниспарк Скопје), Димитар Грабул (Тениски клуб Југ), Стефан Мицов (Тенниспарк Скопје), Ѓорѓи Јанкуловски (Тениски клуб Југ), Чедомир Јовановски (селектор и капитен), Владимир Томиќ (помошник тренер).
Според распоредот на Интернационалната Тениска Федерација, за утре е предвиден состанок на капитените кога ќе се извлекуваат репрезентациите по групи.
Со натпревари се започнува од среда, и до петок ќе се играат трите натпревари по групи, а в сабота се игра финалниот натпревар за пласман во Втората Евро – Африканска зона и натпреварите за разигрување за пласман.
Победникот од натпреварите од Пловдив и победникот од натпреварите од Улцињ ќе се пласираат во група погоре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА