Македонските тенисерки загубија и од Австрија за крај на настапите во Втората евро-африканска зона

Македонската женска тениска репрезентација загуби од Австрија со 2-0 за крај на настапите во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот кои се играа во Бања Лука, БиХ.

Во мечот за подобар краен пласман, Македонија загуби со 2-0 од Австријките.

Клаудија Гаспаровиќ беше подобра од Ана Митевска со 6-2 и 6-4, додека Сара Митевска загуби од Екатерина Перелигина со 6-2 и 6-4.

И покрај победата Австрија заедно со Македонија ја напушта Втората Евро-африканска зона.

Се вчитува...