Македонските триатлонци на европски јуниорски куп

Димитар Јовановски и Иво Јован Димовски се нашите триатлонци, кои денес заминуваат за Карол, Италија на европски јуниорски куп, во конкуренција на 100 натпреварувачи. По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција, на која директорот Наумче Мојсовски им посака успешен настап и најава за уште поголема поддршка, која овие младинци наскоро ќе ги стави во улога на сериозни кандидати и во сениорска конкуренција.

На прес конференцијата свои излагања имаше претседателот на Триатлон федерацијата Иван Михајловски, како и тренер-селекторот Никола Кутаноски. Тие го најавија и настапот на Националното првенство во триатлон закажано за 29-30 Мај во Дојран, како и Европското првенство за јуниори и сенири закажано за 18-21 Јуни во Кицбил, Австрија.

За почетокот на Јуни е најавен и настапот на интернационалните судии во триатлон, Иван Михајловски и Бојан Николовски на Европски елитен куп, кој од 5-6 Јуни ќе се одржи во Дњипро, Украина.

Се вчитува...