Македонската кошаркарска женска репрезентација денеска од 19 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје ја пречекува селекцијата на БиХ во второто коло од квалификациите за ЕП 2023.
Босанките се повеќе од сериозен предизвик ако се знае дека бележат рапиден напредок последните години. Играа и на Евробаскетот минатото лето, а таму беа и најпријатно изненадување, освојувајќи го петтото место.
Дефинитивно, најголемата причина за успесите на БиХ е натурализираната Џонкел Џонс, актуелен МВП од основниот дел на сезоната во ВНБА. Кошаркарка која на првиот натпревар од овие квалификации на кој славеа со 87-81 против Белгија (третопласирана од последното Европско првенство), постигна 44 поени и 22 скока и оствари индекс 51! Единствениот лош сегмент во нејзината игеа беа загубените топки кои ги имаше дури седум.
Од друга страна, во македонската селекција силно го очекуваат и го посакуваат враќањето во тимот на Девана Бонер и на Ивана Кметовска. Ако се биде во ред, публиката во Скопје ќе има ретка прилика да го види меѓусебниот дуел на двете соиграчки, но и добри пријателки, Девана Бонер и Џонкел Џонс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА