Македонско фудбалско лудило: Фудбалер на Тетекс го скина црвениот картон на судијата (ВИДЕО)

Бизарна ситуација се случи вчера на второлигашкиот натпревар меѓу Гостивар и Тетекс во 23. коло. Веднаш штом почна натпреварот, гостинскиот голман Александар Анѓелковски во 2. минута ја фати топката во свои раце неколку сантиметри надвор од шеснаесетникот, по што главниот судија Дејан Младеновски, почитувајќи ги правилата, му го покажа црвениот картон.

Тоа не му се допадна на напаѓачот Христијан Кировски, кој му го зеде црвениот картон, го искина и го фрли на земја. Судијата  мораше да истрча до четвртиот судија и да добие нов црвен картон, за да го исклучи нервозниот Кировски.

 

 

Се вчитува...