Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ ангажираше два нови кошаркари за сезоната 2025/26. Еден од нив е млад Македонец, а другиот Американец кој за прв пат ќе настапи во европската кошарка.
Станува збор за 19-годишниот Милош Кнежевиќ кој ги покрива позициите два и три и во „црно-белите“ редови пристигнува од второлигашот Бутел и Рејмонд Сомервил, 25-годишен крилен центар кој последните три сезони настапуваше на колеџот Делавер во НЦАА лигата.
ТФТ претходно ја официјализираше соработката и со Џастин Гордон и Стенли Дејвис, а потпиша и нов двогодишен договор со Тома Стојаноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

