Младинската репрезентација на Македонија се пласираше во четвртфиналето на ЕП за кошаркари до 20 години – Б дивизија, откако попладнево во драматичен дуел го совладаа домаќинот Грузија со 76-73.
По завршувањето на „трилер-натпреварот“ нашите кошаркари предводени од селекторот Никола Василев, а во друштво и на повредениот Андоноски заслужено ја прославија големата победа над домаќинот и пласманот меѓу осумте најдобри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА