Децата се иднината, а за нив се грижи и УЕФА преку својата фондација. Пред почетокот на фудбалската пресметка, мегаспектаклот почна со македонско оро и прекрасен перформанс на децата со оштетен слух од „Партение Зографски“.

Петнаесет средношколци од единственото државно училиште за ученици со оштетен слух „Партение Зографски“ од Скопје настапија на свеченото отворање на Супер купот на УЕФА во Скопје, пред натпреварот Реал Мадрид-Манчестер јунајтед, и на знаковен јазик ја испеаја „Небо полно ѕвезди“ (Sky Full of Stars) од „Колдплеј“.

Средношколците, заедно со уште пет мали деца кои се со оштетен слух и говор или имаат родители или брат и сестра кои се глувонеми, беа избрани за настапот од УЕФА Фондацијата, a настапија заедно со хорот Фалсето при Македонската опера и балет.

Со хоровите пееше и 16-годишната пејачка Антониа Гиговска, којa всушност беше гласот кој го „преведува“ знаковниот јазик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

