Сезоната од сништа за Ти-Џеј Шортс продолжува во полуфиналето од Бундеслигата каде Бон се пласираше со конечни 3-0 во четвртфиналната серија против Кемниц каде е и македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов откако во денешниот натпревар славеше со 83-89.
Бон беше подобриот противник во најголемиот дел од натпреварот, на полувремето имаше предност од 42-54, одолеа на налетот на домаќините во второто полувреме со што ја потврди фаворитската улога и заслужено стигна до нов триумф.
Со 21 поен, 4 асистенции и 2 скока македонскиот репрезентативец беше поентерски лидер на средбата.
Во полуфиналето Бон ќе се сретне со Лудвисбург кој го елиминираше Олденбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА