ЧСМ Букурешт и Одорхеи одиграа нерешено 29-29, во натпреварот од 20.коло во првенството на Романија. Дури петмина Македонци беа на терен на романското дерби во Букурешт – Звонко Шундовски на клупата и Гоце Георгивски во составот на ЧСМ Букурешт, а на спротивната страна Горан Кузманоски, Гоце Ојлески и Милорад Кукоски во дресот на Одорхеи.
ЧСМ Букурешт поведе со 4-1 и имаше контрола на играта и на резултатот во првото полувреме кое го заврши со предност од 18-15. Но, во продолжението Одорхеи успеа да изедначи и во неизвесната завршница се избори за бод на гостински терен.
Гоце Георгиевски постигна четири гола за домашниот тим во кој најефикасен беше Фрабнцузинот Жилом Сорина со 10 погодоци. Кај Одорхеи, Кузманоски и Олјески запишаа по два гола, а прв стрелец беше Шпанецот Максим Баранау со седум гола.
Златко Даскаловски и Филип Лазаров со екипата на Темишвар беа поразени на гостувањето кај Турда со 31-25. Лазаров беше втор стрелец во својот тим со пет гола, еден помалку од Сантеиу. Даскаловски беше на голот на Темишвар во првото полувреме и запиша три одбрани.
ЧСМ Букурешт моментно е на третото место на табелата со 40 бода, зад Турда со 43 и Динамо Букурешт со 49 (-2). На 4.место е Констанца на Бранислав Ангеловски со 38 бода, а зад неа се Одорхеи со 37 (-1) и Темишвар со 31 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА