ЕХФ традиционално избира најубав гол за секоја календарска година во Лигата на Шампионите, признание што за 2025 завршува во рацете на македонскиот ракометар Дејан Манасков.
Апсолутно заслужено, за ремек-делото на левото крило на Е. Пелистер на дуелот против Барселона, кога Митревски фрли цепелин од сопствените шест метри, а Манасков маестрално го матираше голманот Нилсен.
Голот на годината во ЛШ во целосно македонска продукција, двајца македонски ракометари во дресот на македонскиот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

