Македонското сонце ги огреа Хималаите: Ирина и Лазо го освоија еден од најтешките врвови во светот!

Македонската планинарска двојка Ирина Дишовска и Лазо Миновски направија уште еден извонреден подвиг откако во саботата наутро по локално време го освоија врвот Ама Даблам на Хималаите. Дека биле соочени со голем предизвик говори освоениот врв, кој се протега на висина од 6.812 метри и важи за еден од најтешките за освојување.

Во светот на алпинистите, Ама Даблам е познат и како „монструмот од Хималаите“.

„Исполнување на сонот. Ама Даблам искачен на 23.10.2021 во 9ч по локално време. Многу откажувања за овој врв. Фокус на целта, без компромиси. Имав тешки подготовки. Понекогаш и претешки… Последните шест месеци се случуваше да имам по два тренинга на ден, барем три пати неделно. И тоа еден тренинг со лазо Миноски (верувајте он знае да биде многу строг тренер!) и уште еден со мојот најзгоден персонален тренер Едина Муса. Тотално излегување од комфор зона. Луѓето што ме дружеа во овој период веројатно чувствуваа подеми и падови во мојот мајндсет. Легнување пред 22ч, станување пред 6ч наутро. Тренинг утрински, тренинг вечерен, тренинг полноќен. Алкохол нула. Џанк фуд – скоро нула. Дружби со најблиските сѐ поретко. Чекор по чекор градење на беспрекорна психофизичка подготвеност, и сѐ за само една ноќ. Таа ноќ е Summit push. Стартував на полноќ, и го дадов последниот атом енергија во себе за да се изборам со овој монструм. Ама Даблам е многу повеќе од “хималајски врв”. Тоа е монструм. Тој е позахтевен од повеќето осум илјадарски врвови на Хималаите. Почитуван од цела хималајска фела. Да се стапне на врвот немам опис за емоциите. Тоа треба да се доживее за да се разбере. Мѐ скрши на пола, но ми дозволи да го допрам со сета своја убавина. Повеќе инфо и видеа ќе следуваат следниве денови“, напиша Ирина на својот Фејсбук профил.

Се вчитува...