ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски, Игор Паневски
Се слави европската круна на Вардар низ цела Македонија, се слави и во Келн, каде беше испишана нова страница во спортската историја на нашата земја. Наши фанови се собраа во „Ланксес арена“ од повеќе земји од Европа, покрај оние од Скопје ги имаше и од Швајцарија, Холандија, Белгија, Германија… и на сите до еден им се исполни желбата – го видоа на дело крунисувањето на македонскиот тим за владетел на ракометна Европа.
Потоа, неслучајно огромно беше славјето крај арената во Келн, каде Македонците уживаа во моментите на слава. А има што да се слави – го имаме европскиот шампион.
[new_royalslider id=”676″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

