Кадетската репрезентација на Македонија запиша извонреден резултат освојувајќи го првото место и златниот медал на ЕХФ шампионатот кој се одржуваше во Летонија. Импресивното издание во текот на целиот шампионат кадетите го заокружија со драматична победа во финалето над Швајцарија од 24-22.
Но, македонските кадети се вистински пример, не само според игрите на терен но и со однесувањето надвор од него.
По завршувањето на славјето по освоеното злато на ЕХФ-шампионатот, македонските момчиња комплетно ја средија својата соблекувална, доведувајќи ја во иста ситуација во каква што ја најдоа на доаѓањето пред финалето. Притоа, заблагодарувајќи се поединечно на персоналот во салата, и на сите волонтери на првенството.
Сето тоа беше потенцирано од организаторите од Летонија и од ЕХФ кои истакнаа посебно благодарност и признание до македонските момци и за однесувањето надвор од теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА