ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)
Повеќе од 3.000 Македонци се на Националната арена во Букурешт како би им дале поддршка на фудбалерите кои денеска против Австрија го играат првиот историски натпревар на Европското првенство.
Дефинитивно доколку не беа рестрикциите поради пандемијата од коронавирусот арената во главниот град на Романија ќе беше полна до последното место, но по една година помината во борба со Ковид-19 и овие 3.000 навивачи изгледаат како да се десет пати повеќе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА