Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ќе учествува на Европското првенство за млади селекции што утре почнува во Полска. За првпат во историјата Македонија ќе биде дел од елитниот европски самит на млади фудбалери, на кој во минатото учествувале и сегашни мегаѕвезди на светскиот фудбал.
Ако се погледне дрим-тимот што го има објавено УЕФА, се добива вистински впечаток какви фудбалски асови во минатото биле дел од младинските ЕП.
На голот на „дрим-тимот“ се наоѓа Мануел Нојер, а во одбраната се Џорџо Кјелини, Матс Хумелс, Алесандро Неста и Бранислав Ивановиќ. Во средниот ред се врвни мајстори на фудбалската игра, како Чави Хернандез, Андреа Пирло, Франк Лампард и Мезут Озил. Во нападот се Франческо Тоти и Раул Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА