Македонците растураат во ЛШ: Митревски во Топ 5 одбрани, Кузмановски со трет најубав гол

Е. Пелистер стигна до огромна победа на дуелот со Динамо Букурешт, а одличните настапи на македонските репрезентативци не останаа незабележани од ЕХФ при изборот на најубавите голмански одбрани и голови во изминатата рунда од Лигата на Шампионите.

Никола Митревски беше херојот на „пелистерци“, а токму последната клучна одбрана, кога фати „жива топка“ и ја донесе победата беше избрана за трета најдобра одбрана во ЛШ.

Третото место на ранг-листата, но онаа за најубави голови, му припадна на Филип Кузмановски, за фантастичниот проектил на стартот од второто полувреме, кога топката удри во гредата, а потоа со помош на голманот заврши зад гол-линијата.

Се вчитува...