Македонците во иднина во БиХ ќе играат како домашни играчи…, донесена и одлука за задолжителен настап на двајца младинци во првиот тим

Извршниот комитет на фудбалската федерација на БиХ донесе одлука фудбалерите кои доаѓаат од просторите на поранешна СФРЈ, од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и секако Македонија во иднина во шампионатите на БиХ да настапуваат како домашни фудбалери.

ФС на БиХ донесе одлука со кој се брише статусот странци за фудбалерите од овие земји. На клубовите сега ќе бидат дозволено максимум три странски фудбалери наместо досегашните пет, но со тоа што сега како странци нема да се сметаат екс-југословенските играчи.

БиХ го воведе и правилото во секоја босанската елита да мора да играат двајца фудбалери до 21 година со услов едниот да игра 90 минути со цел повеќе шанса да добиваат домашните таленти за да се развиваат, а вкупно во протоколот ќе мора да има тројца фудбалери до 21 година. За разлика од Македонија каде е задолжително само еден фудбалер до 21 година во тимот.

Во БиХ изминативе години продефилираа голем број македонски фудбалери а актуелен член на Сараево, се уште е Даниел Аврамовски.

Се вчитува...