Макеле досуди сомнителен пенал – Англија на чекор до финале на ЕВРО (ВИДЕО)

Англија води со 2-1 во полуфиналето на Европското првенство против Данска, откако по еден продор на Рахим Стерлинг, главниот судија на мечот, Макеле во најмала рака досуди сомнителен пенал, кој по комуникација со ВАР беше и потврден.

Каспер Шмајхел успеа да го одбрани ударот на Хари Кејн од белата точка, но немаше среќа бидејќи топката се одби кај напаѓачот на Англичаните кој вториот пат не погреши.

Се вчитува...