Македoнија и без Висар Муслиу на клучната пресметка со Велс!?

Покрај Езџјан Алиоски, во репрезентацијата на Македонија за клучниот натпревар против Велс на гостински терен, ќе биде најверојатно и без услугите на стоперот Висар Муслиу.

Муслиу се повреди на мечот со Белгија во Гент, кога мораше да го напушти теренот, а тогаш првите прогнози беа дека ќе мора да паузира 6-8 недели. Од тогаш Муслиу нема одиграно ниту натпревар во неговиот клуб Сент Труден, и тешко дека ќе успее да се рехабилитира и за овој натпревар.

Ова ќе биде голем хендикеп во одбраната на Македонија, па така селекторот Благоја Милевски ќе мора да бара алтернативи и за него, но и за левата крилна позиција каде што дејствува Алиоски, кого го чека исто така долга пауза.

Се вчитува...