Макпетрол најуспешен карате клуб на Државното првенство за сениори

Макпетрол е најуспешен клуб на Државно карате првенство за сениори што се одржа во саботата во Скопје. Макпетрол освои девет медали: четири златни, три сребрени и два бронзени.

Државаното првенство  беше од изборен карактер за репрезентацијата која ќе настапи на Европското првенство во Франкфурт, Германија, од 20 до 24 март. Првопласираните обезбедија место во репрезентацијата.

Лошите судиски одлуки во многу тежински категории одлучуваа кој спортист ќе биде прв на ова првенство.

„За ова првенство имаме многу сериозни Забелешки на делењето на судиската правда, и забелешки исто така имаме и на Правилникот за избор на репрезентацијата, овој правилник испадна крајно манипулативен и со многу недостатоци во себе, од овие причини не беа избрани најдобрите спортисти да влезат во репрезентацијата. Од 10 тежински категории дури во 4 ри категории направени се големи пропусти.

Тројца наши спортисти се грубо оштетени со лоши судиски одлуки. Наместо да бидат први, сосема  неправедно тие нема да бидат во состав на репрезентацијата“, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски.

  1. Макпетрол со 9 медали – 4 златни, 3 сребрени и 2 бронзени.
  2. Втор е Олимпик спорт со 7 (4-3-0), а
  3. Третото место е Сансаи Метал Апостолов 3 (2-1-0).
  4. Штип 2 (1-1-0) итн

Шампиони на Македонија од Карате клубот Макпетрол се:

  1. Ангела Мојсовска -68 кг, златен медал
  2. Стефан Стојанович +84 кг, златен медал
  3. Борби екипно мажи – Макпетрол – златен медал тим во состав: (Петар Заборски, Вукашин Јованович, Витомир Трајковски. Стефан Стојанович, Данило Божович и Петар Спасеновски,
  4. Борби екипно жени, златен медал медал тим во состав: (Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска, Јована Мицовска, и Симона Заборска)

Сребрени медали освоија:

  1. Викторија Јовановска -61 кг, сребрен медал
  2. Јована Мицовска -61 кг сребрен медал
  3. Вукашин Јованович -67 кг сребрен медал

Бронзен медал:

  1. Петар Заборски -75 кг Бронзен медал
  2. Данило Божович -84 кг сребрен медал

Машкиот тим на “Макпетрол”

Женскиот тим на „Макпетрол“

Се вчитува...