Макс Ферстапен ќе вози за Мерцедес

Додека останатите возачи во Формула 1 одмораат, Макс Ферстапен ќе биде зафатен и овој викенд. Четирикратниот светски шампион е во одлична форма, што го покажа со победи на последните две трки во Малезија и Сингапур, возејќи за тимот на Ред Бул.

Дека не е љубител само на Формула 1, одличниот Холанѓанец ќе покаже овој викенд, кога ќе учествува на завршната трка од шампионатот GT3 во Портимао, Португалија.

Макс ќе биде дел од тимот „Mercedes AMG Team Verstappen Racing“, во кој, покрај него, се и Крис Лулам и Бен Барникот. Заедно, тие ќе се обидат да остварат што е можно подобар пласман. Главната трка, која трае три часа, е закажана за сабота, во периодот од 18 до 21 часот.

Следната трка во шампионатот во Формула 1 е закажана за следната недела во Остин.

Се вчитува...