Трикратниот светски шампион Макс Ферстапен стигна до нова пол-поизција сезонава во Формула 1 шампионат, откако беше најбрз на денешните квалификации на патеката Сузука за големата награда на Јапонија.
Друштво од првиот стартен ред на утрешната трка ќе му прави неговиот тимски колега Серхио Перез. Од вториот стартен ред ќе тргнат Ландо Норис во Мекларен и Карлос Сајнц во Ферари. Во топ 10 уште се најдоа и: Алонсо, Пјастри, Хамилтон, Леклер, Расел и Цунода.
Tрката за големата награда на Јапонија е закажана за утре со почеток во 7 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА