Макс Ферстапен ќе вози за Ферари!?

Еден од најдобрите Формула 1 возачи на денешницата, Маск Ферстапен во иднина би можел да се трка во болидот на Ферари, открива легендарниот Италијанец, Џанкарло Минарди кој своевремено беше и шеф на италијанскиот гигант.

Според Минарди голема желба на Ферари е да го види „летечкиот Холанѓанец“ во своите редови и во следниот период активно ќе работи на негов ангажман по крајот на сезоната во 2026 година.

Дотогаш Ферстапен нема да ја менува средината. Тој веќе потврди дека останува во Ред Бул и за престојната сезона одбивајќи договор од страна на Мерцедес.

Возење во болидот на Ферари е престиж кога станува збор за Формула 1 па прифаќање на понудата нема да наиде на изненадување особено доколку се земе во обѕир и ангажманот на Луис Хамилтон кој го оствари детскиот сон оваа сезона.

Се вчитува...