Макс Ферстапен може да ја освои титулата во Сингапур

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен може да ја освои втората титула во Формула 1 шампионатот веќе престојниот викенд на Големата награда на Сингапур. Но, за тоа на Холанѓанецот треба да му се „поклопат коцките“ и Ферари да доживее нов дебакл.

На шест трки пред крајот на сезоната Ферстапен има предност од 116 бода пред единствениот кој може да ја загрози новата титула, Шарл Леклер. Холандскиот возач ќе се радува на титулата доколку го осови првото место, а Монаканецот заврши под осмата позиција или пак под седмото место доколку возачот на Ред Бул освои и бод за најбрз круг.

„Желбата“ на Ферстапен го отежнува фактот дека Леклер оваа сезона ниту една трка која ја заврши, не беше под шестата позиција, но со оглед на грешките на Ферари не се исклучува можноста.

Се вчитува...