Крај на долгогодишната доминација на Ред Бул во Формула 1 шампионатот беше најаена уште минатата сезона во која блгодарение на добриот старт Макс Ферстапен стигна до шампионската титула. Оваа сезона Холанѓанецот славеше на само една трка, а на последниот предизвик во Бахраин беше шести.
Ред Бул повеќе го нема најдобриот болид на стазата, а тоа лесно може да доведе до заминување на четирикратниот шампион, верува советникот во австрискиот тим, Хелмут Марко.
„Многу сум загрижен. Не сум сигурен дека Ферстапен ќе остане во Ред Бул. Свесни сме дека ситуацијата не е идеална и мораме брзо да ја поправиме за тој повторно да може да победува и да се бори за првото место“, изјави Марко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА