Макс Ферстапен уште еднаш ги повика челниците на Формула 1 да ги укинат Спринт-трките. Во Баку вчера се возеше првата од нив шест сезонава, во пресрет на денешната трка за Големата награда на Азербејџан.
Денот го одбележа неговата жестока караница со Џорџ Расел, а Макс спринт-трката ја заврши на третото место. На крајот од денот, рече дека ова се чисти глупости.
„Исфрлете ја оваа цела глупост. Важно е да се вратиме на тоа што го имавме и да се обезбедат услови на секој тим да се бори за победа. Тоа треба да ни биде цел, да не правиме вештачко возбудување. Спринтот е згуснат, тоа не е вистинска трка, тоа е повеќе како коцка. Би имал повеќе успех ако одам во казино во Лас Вегас! Сакам да се тркам, вистински тркач сум, но да бидеме реални ова е само шоу. Имам чувство како да е фудбалски меч во кој еден тим води со 3-0 и потоа изненадувачки се се ресетира на 0-0 и одите од почеток. Сето ова е непотребно“ – истакна Ферстапен.
Трката за Големата награда на Азербејџан се вози денеска од 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА